Будилникот тоа утро заѕвони во точно шест часот и триесет минути. Не поминаа ни две секунди, една тешка рака го преврте и тој престана со ѕвонењето. Низ собата се слушаа нерамномерни чекорења и спорадично крцкање на стариот паркет. Еден стар човек ја напушти собата и тргна кон бањата. Оттаму можеа да се чујат неговите упорни и гласни искашлувања. По краткиот престој во бањата, старецот се врати во собата и го вклучи шпоретот. Додека старото ѓезве ја вриеше водата, тој ги слече своите пижами. Облече чиста и испеглана кошила, стари сомотни пантолони и нагрна еден кадифен елек. Кафето траеше пет голтки. Половина филџан вода, две лажици кафе и една лажица шеќер. Откако го изми филџанот старецот седна да појадува. Едно јајце сварено доцна вечерта, две кришки бајат леб и половина конзерва паштета. Потоа, старецот ги облече своите кафени кондури, внимателно ги исчетка со боја и излезе од куќата. Попатно, ја заклучи портата од дворот и го провери поштенското сандаче. Потоа тргна по „Берлинова“ заврте по „Адамсова“ и тука, спроти малото плоштатче застана да го чека автобусот. За неколку минути дојде автобусот број „148“. Се возеше неколку станици а потоа се симна на главниот булевар и влезе во цвеќарницата сместена на самата автобуска станица и купи три орхидеји. Потоа го помина булеварот и седна на една од клупите крај тротоарот. Погледна на својот часовник и забележа дека малку задоцнил. Наместо десет и дваесет, часовникот покажуваше дури седум минути понапред. Таа глетка малку го растревожи но остана спокоен и загледан во пешачкиот премин спроти него. На клупата отседе точно тринаесет минути. Во точно десет часот и четриесет минути старецот стана од клупата, ги положи цвеќињата на првата лента од булеварот и си замина.
Tuesday, May 31, 2016
Трите орхидеи
Будилникот тоа утро заѕвони во точно шест часот и триесет минути. Не поминаа ни две секунди, една тешка рака го преврте и тој престана со ѕвонењето. Низ собата се слушаа нерамномерни чекорења и спорадично крцкање на стариот паркет. Еден стар човек ја напушти собата и тргна кон бањата. Оттаму можеа да се чујат неговите упорни и гласни искашлувања. По краткиот престој во бањата, старецот се врати во собата и го вклучи шпоретот. Додека старото ѓезве ја вриеше водата, тој ги слече своите пижами. Облече чиста и испеглана кошила, стари сомотни пантолони и нагрна еден кадифен елек. Кафето траеше пет голтки. Половина филџан вода, две лажици кафе и една лажица шеќер. Откако го изми филџанот старецот седна да појадува. Едно јајце сварено доцна вечерта, две кришки бајат леб и половина конзерва паштета. Потоа, старецот ги облече своите кафени кондури, внимателно ги исчетка со боја и излезе од куќата. Попатно, ја заклучи портата од дворот и го провери поштенското сандаче. Потоа тргна по „Берлинова“ заврте по „Адамсова“ и тука, спроти малото плоштатче застана да го чека автобусот. За неколку минути дојде автобусот број „148“. Се возеше неколку станици а потоа се симна на главниот булевар и влезе во цвеќарницата сместена на самата автобуска станица и купи три орхидеји. Потоа го помина булеварот и седна на една од клупите крај тротоарот. Погледна на својот часовник и забележа дека малку задоцнил. Наместо десет и дваесет, часовникот покажуваше дури седум минути понапред. Таа глетка малку го растревожи но остана спокоен и загледан во пешачкиот премин спроти него. На клупата отседе точно тринаесет минути. Во точно десет часот и четриесет минути старецот стана од клупата, ги положи цвеќињата на првата лента од булеварот и си замина.
Monday, February 16, 2015
Окупирани генерации
Thursday, March 13, 2014
Три феномени на погубно политичко неделување
Правото на глас е есенцијата на секој демократски систем. Со собирање на доволен број на гласови се менуваат власти на локално и државно ниво, но и се воведуваат или укинуваат одредби за кои постои широк граѓански договор преку Референдум (на локално или државно ниво) како врвен инструмент на непосредна демократијаИако правото на глас е најлегитимниот и најдемократскиот начин за менување на една власт, многумина не веруваат дека нивниот глас може нешто да промени. Таквото сфаќање на избирачкиот процес може да се темели на недоволната политичка писменост помеѓу гласачите, или пак на нивното свесно неделување кое може да биде мотивирано од Х причини. Луѓето кои се решаваат на различни начини на бојкотирање на изборниот процес, по дефиниција не припаѓаат на ниту едно гласачко тело, или „партиско стадо“, но тоа нималку не ги амнестира од одговорност од крајниот исход. Имено, кој и да победи на едни избори, неговата победа во добар дел се должи и на оние кои не гласале. Поборниците на изборните бојкоти ќе ви дадат десетици причини и објаснувања за нивните мотиви да не гласаат. Јас издвоив три феномена кои се појавуваат во македонското гласачко тело, а за кои сметам дека се најчести, и меѓу себе подеднакво опасни, особено во држава како Македонија, која се уште е далеку од демократска зрелост.
Sunday, January 13, 2013
Проштално писмо (Збогум граду мој)
Thursday, November 22, 2012
Светот не е доволен
- Среќен ли си? - одѕвонуваше нејзиното прашање низ полупразните чаши, како стари никогаш неусогласени камбани.
- Што е Среќа? Како дефинираш кој е среќен а кој не е? - никогаш не сум одговарал на прашање со прашање, само сум ги користел прашањата да напраам вовед. Го добив воведот па продолжив. Ако среќата е отсуство на тага, тогаш да среќен сум. Но ако среќата е присуство на радост, тогаш за жал сум несреќен. Ете јас немам ни тага ни радост во мене, па не знам дали сум среќен, мене понекогаш ми се чини дека сум. Но постојат ноќи кога сум сам со перницта, и не се чувствувам среќно. Знаеш, ти си вистинскиот ти само оние неколку минути додека дојде сонот. А во тие мигови, понекогаш ниту светот не е доволен за да бидам среќен. Ако прашањето за тоа дали сум среќен е сега во моментов, тогаш ДА. Среќен сум...но не премногу...
- А зошто пишуваш? Те прави тоа среќен? - постојат прашања кои немаат одговор, и се бескрајно глупави. Да, ова беше такво.
- Пишувам затоа што морам. Пишувам само кога морам и никако поинаку. Ако престанам да пишувам ќе ја изгубам врската со самиот себе. И не постои некој што е среќен кога пишува. Не сум ни јас. Среќен сум кога ќе завршам со пишување, кога ќе видам дека приказната преживеала, дека не исчезнала во оној вртлог од мисли и размисли.
Thursday, November 8, 2012
Комедија на апсурдот
- Каде беше? - запраша Атанас,кршејќи го неколкуминутниот молк, кој во собата никогаш и проживеал подолго.
- Секаде...натака и навака. Шетав наоколу. Сепак затоа се неделите нели? - одговори Јан гледајќи во Софија која пак незаинтересирано гледаше низ прозорецот.
- Мислев дека ќе одиш во театарот. Баш пред малку слушнав дека ќе гостувала некоја Комедија на апсурдот од соседниот град. ..
- Хах...беше тоа некогаш театар Атанасе, беше – го прекина Јан. Имаше фантастични дела...сека само куп изнајмени актери кои одат наоколу и праваат идиоти од себе, смеејќи го за жал успешно овој намачен народ.
- Јас бев пред неколку недели и беше многу убаво. - се уфрли Атанас. Баш беше смешно и забавно. А оваа Комедија на апсурд, што и да значи тоа апсурд е доста фалена. Може ќе одам нареден пат.
- Не знаеш што е апсурд? - го Праша Јан
- Мислам дека знам. - одговори Атанас. Апсурд е она кога велиш дека ја бркаш љубова и даваш нозе како демек може да избега. Само на смешен начин тоа го правиш, па ќе биде комедија на апсурд.
- Хаххаха – се изнасмеа Јан. Не ми се верува...тоа ти што го зборуваѓш е Апстра-ктно! Има голема разлика. Аххх Господе...што ли се случи со таа проклета криминализација на неподобната уметност и тоа смрдливо Министрество за цензура. - Јан го смени изразот на лицето во необјасниво тажен.
- Еј што ти е? - извика Атанас. Па Криминализацијата на уметноста е една од подобрите работи. Време беше за такво нешто. Кому му требаат такви луѓе што ништо не прават за добро на државата. Уметност - тој расипан свет на пороци, блуд и разврат. Уметници - досадни никогаш разбрани луѓе кои не ги бива за ништо освен да плукаат. По власта, по народот, по религијата, и кон се што е свето во оваа земја. И што има да се создава повеќе кога се е напишано, насликано одглумено?
- Зарем навистина мислиш дека ти е се такви? Дека се опседнати со пороци и сето тоа? И како тоа ништо повеќе да не се создава? Зошто тогаш месиме леб денеска, кога има вчерашен, зошто градиме нови куќи кога се е изградено?
- Нормално, тоа е точно. Како што кажа Вождот - пороците се ср'жта на уметноста. И се создава, да. Не е точно дека нема уметност. Ете Министерството за цензура секоја година печати книги и прави филмови и претстави.
- Да да по десеттина книги и дупло помалку претстави.- започна Јан. И во сите нив преовладува бајата комедија, секс и простотилак. Затоа што така е најлесно да го заглупавиш народот. Бидејќи ако му дадеш нешто подлабоко, тој ќе почне да размислува. Кога ќе подразмисли, ќе сфати дека нешто не чини во државава, дека се е заебано. А момент потоа ќе почне да бара промени. А тоа за власта е толку опасно, знам. Мислев дека ќе видиме подобро утре, само тоа нема да биде преку ноќ. Сега гледам дека тоа утре со секој ноќ станува се подалечно. Да ништо не доаѓа преку ноќ...ама доаѓа преку повеќе ноќи. Ете јас на пример повеќе ноќи не спиев и размислував, и на крајот одлучив. Кај и да е, за некое време, ќе купам пиштол и ќе се самоубијам. Само се плашам дека тоа ќе биде и поскоро од очекуваното.
- Свесен ли си што кажа!? - извика Атанас. Па будало една за ова се оди во затвор. Немој, што ти стана? - прашуваше Атанас додека Софија со неверување гледаше кон двајцата.
- Ништо! Сега веќе ништо не ми е- одговори Јан и замина низ вратата., оставајќи немир зад себе наместо спокојот кој го пречека часови претходно.
- Се јавија од Управата за спречување антидржавна и неподобна уметност...- трепереше Софија. Го уапсила Јан и уште неколку луѓе кои со него разменувале германски класици и нешто рецитирале. Нешто строго забрането.
- Знаев! - извика Атанас. Знаев дека ќе го снајде вакво нешто, уште тогаш кога му ги најдов оние белешки под креветот.
- Атанас, што ќе биде со нашиот брат. - праша Софија низ плач. Сега кога ми се јавија ми спомнаа пет месеци строг затвор. Атанас, што е тоа строг затвор? Што ќе му направат?
- Ништо страшно сестро. Ништо болно и необично. Од она што го знам сега со совремниве технологии нема никакво физичко малтретирање. Сум чул дека строгоста е тоа што четринаесет саати на ден им пуштаат турбо-фолк музика, репризи на Вашите пет минути и Јади бурек емисијата. Да, тоа е строгоста верувај. За таквите како Јан тоа е стварно болно, ама за пет месеци ќе биде сосема нормално добро воспитано македонско момче. Верувај ми!
- Ќе се молам што побргу да поминат тие месеци и денови, што побргу да го видиме нашиот Јан. Добра ноќ, брате. - рече Софија заминувајќи кон нејзината соба.
Sunday, November 4, 2012
Небото е се што имаме
Thursday, November 1, 2012
Порака
Приликите си доаѓаат и заминуваат, но желбата секогаш останува. А желбите се она што некој навистина е. И тој ден беше полн со прилики и желби. Сонцето над испотените улици носеше спокој и лежерност кои малкумина можеа да ги видат. Ги виде и таа, но не им се препушти. Седната сама на најбучното место во градот, на липовата улица, безупешно се обидуваше да си ги слушне мислите. Да го протолкува она што беше запишано пред нејзе. „Ти не разбираш...Јас не сфаќам...Јас...јас не си верувам...“ Долго гледаше во тие прекинати реченици испишани со невешт ракопис на едно истуткано сино хартивче. Не знаеше дали пораката е нејзина, или била наменета за нејзе. Не знаеше воопшто дали ја испратила, или треба да ја добие. На секој случаен поглед, пораката се менуваше. Од рефлексијата на сонцето и се причинуваше дека ЈАС и ТИ понекогаш се претопуваат во еден збор – НИЕ. А веќе на следниот поглед, виното на нејзините усни да прочита дека ЈАС и ТИ создаваат МИНАТО. Сонцето упорно врвеше по својата оска случајно фрлајќи некој зрак кон нејзината маса, давајќи му сосем необична боја на виното во нејзината чаша. А ниту сонцето ниту виното не можеа да и помогнат да пронајде одговори. Дали тој ќе дојде предоцна, или таа ќе замине прерано? И каде ли заминува љубовта кога ќе се потроши? Се топи ли во воздухот или едноставно се сели кај други? Убава беше глетката од нејзината маса. Убав беше светот околу нејзе. Седејќи така сама спроти сонцето, со виното пред нејзе, не ни претпоставуваше дека таму некаде нечии мисли се претопуваа низ нејзини калапи. Дека нејзиниот поглед беше нечија неостварена прекрасна приказна. Но тоа беше таму некаде, а таа беше тука и сега. Растојание од неколку илјадници мисли. Исто толку колку што и во моментот постоеја во нејзината глава. Чудно беше колку многу луѓе ја знаеа а толку малку ја познаваа. Колку многу ја посакуваа, а на колку малку навистина им требаше. Не го сфати тоа никогаш, ни за сето време минато на маста на липовата улица, со чаша и со истуткано хартивче пред нејзе, и со куп приказни во нејзе. Моментите тврдоглаво итаа еден кон друг, упорно обидувајќи се да ја убедат да го затвори кругот. Веќе знаеше дека треба да замине. Го зеде синото хартивче и внимателно го стави во џебот...сепак беше дел од нејзе. Стана од најбучното место и си замина, оставајќи белег на липовата улица. Чаша вино која нестрпливо очекуваше некој друг гостин, да ја раскаже приказната што таа му ја напиша. Со сигурни чекори гордо ја напушташе улицата додека светот ја чекаше. А без нејзиното присуство, светот беше премногу сиромашно место.
Tuesday, October 30, 2012
Уличката со нерамна калдрма
Monday, October 8, 2012
Monday, October 1, 2012
Реквием за една есен
Ако некогаш Земјата реши да престане да се врти, а времето од инает одлучи да умре, тоа сигурно ќе биде на есен. Некоја есен...можеби оваа...можеби некоја друга години и години отсега. Есен, прекрасно време за умирање...затоа што зимата не носи ништо...а пролетта е доволно далеку за некој да реши повторно да се роди....
- Јас сум последната шанса да направиш добра работа во животот
- Но јас те сакам
- Да? А кого точно од десеттината ЈАС го сакаш, потенцирај ми.
- Ти не си реален...ти си секогаш ЈАС...се помалку си НИЕ!
Wednesday, April 18, 2012
(По)меѓу нас...
Thursday, March 15, 2012
Рапсодија
Раздавам се од она Ништо што остана во мене. А Ништо не е постојано. Ништо е само процес...појава која мора да се случи. Кога – тогаш. Едноставно проветрување. И тогаш, ми текнува на ноќите поминати во крпење на соништата. Знам, едно време ги сошивав сите краеви, сите искинати спомени и прекинати сонови, со надеж дека ќе добијам една целина. Едно големо ништо. Се покривав со целата таа ништовна рапсодија...криејќи се од светот...криејќи се од себе. Некој рече – болката нема минато. А некогаш престанува и пред да почне – додавам јас. Надвикувајќи ги гласовите во мојата глава, недвосмислено заклучувам дека некои врати мора да останат неотклулчени. Бркајќи ги сенките околу мене, пребројувам колку од нив имаат лица. Бројот не го наоѓам, бидејќи и јас самиот сум по себе сенка...
...ги урнав темелите на последниот мост, што ме поврзуваше со ДЕНЕС. ДЕНЕС остана на другата страна комплетно отсечен од мене. Случајно живеам во ВЧЕРА, копнеам по ДЕНЕС, а намерно бегам од УТРЕ. Се обидов да ги спојам сите во едно, исто како и крајот на изгорениот мост со неговиот почеток. Со гордост од големиот неуспех, ги насочив мислите кон последната целина што ја имав во близина. Кон целото Ништо што го поседував. А Ништо не е постојано. Само привремено е тука. Тука, во ВЧЕРА, ДЕНЕС и УТРЕ.
Некој рече: она што требало да биде - ќе биде. Ако не денес - утре. Денес е сенка на она што било, а не е – додадов јас.







